Thursday, April 6, 2017

Качување по Шпански / Spanish climbing or climbing in Spanish :)

Climbing in Chulilla and Siurana. Macedonian version only. Please scroll down, gallery is for all :)




Прекрсни две недели качување на најпознатите качувачки локалитети во Шпанија и Каталунија во супер друштво и перфектни температури. Го искусивме долгопосакуваниот живот во комбе,  заедно со нашите пријатели Баскијци. А исто така ги истраживме и другите сместувачки опции како кампинг или поекономично приватно сместување.

Убавината е во тоа што најголемите качувалишта низ Каталунија се на 100тина км растојание и во зависност од времето може секојпат да се најде нешто сооодветно. Ако е премногу топло да се бара карпа во сенка или пак ако врне да се бара качување во пештера и секако голем избор на насоки изложени на сонце,  идеални за студените зимски денови.


Средината и крајот на Март се доста посетени од качувачи од целиот свет кои го делат мислењето дека овој период е најдобар за тренинг.


Го посетивме магичното гратче Чулија и фамозната Сиурана како две поголоми и доста атрактивни локалитети. Чулија се наоѓа во провинцијата Валенсија и е планинско гратче кое речиси од сите страни е обиколено од огромен кањон.  Во срцето на  Каталунија пак, недалеку од старата престолнина Тарагона, во слично опкружување се наоѓа и старото мистично селце Сиурана,  која цврсто стои со своите неколку камени градби, на работ на една карпа. Освен инспиративната архитектура и традиција со која локалното население се гордее, и двете места се рај за спортските качувачи со изобилство на сектори и насоки од секоја тежина.



Топо водичот само за Сиурана има 310 страници и преку 50 сектори. Ние посетивме 8 или 9 и качувавме по 4 до 8 насоки во денот зависно од должината и тежината. Насоките се најчесто долги и исцрпни по некојпат достигнуваат и до 40м. Затоа неопходно е да се носи долго јаже, или да се одбираат пократки насоки. Задолжително чворови на краевите од јажето!!!

Убаво е да се менува и да се пробуваат повеќе сектори бидејќи секој еден има тотално нов шарм.  Многу различни стилови на качување и различна текстура на карпа. Од стрмни превисести насоки, до траверси, рабови и вертикали, со странични фаќалишта, дупчиња за прсти или џебови за секое движење како некој да ги исклесал во карпата.

Дефинитивно меѓу најдобрите качувачки дестинации ширум светот, кои сме ги посетиле до сега во минатите десетина години.




















No comments:

Post a Comment

Lagadin protestira!