Thursday, April 6, 2017

Качување по Шпански / Spanish climbing or climbing in Spanish :)

Climbing in Chulilla and Siurana. Macedonian version only. Please scroll down, gallery is for all :)




Прекрсни две недели качување на најпознатите качувачки локалитети во Шпанија и Каталунија во супер друштво и перфектни температури. Го искусивме долгопосакуваниот живот во комбе,  заедно со нашите пријатели Баскијци. А исто така ги истраживме и другите сместувачки опции како кампинг или поекономично приватно сместување.

Убавината е во тоа што најголемите качувалишта низ Каталунија се на 100тина км растојание и во зависност од времето може секојпат да се најде нешто сооодветно. Ако е премногу топло да се бара карпа во сенка или пак ако врне да се бара качување во пештера и секако голем избор на насоки изложени на сонце,  идеални за студените зимски денови.


Средината и крајот на Март се доста посетени од качувачи од целиот свет кои го делат мислењето дека овој период е најдобар за тренинг.


Го посетивме магичното гратче Чулија и фамозната Сиурана како две поголоми и доста атрактивни локалитети. Чулија се наоѓа во провинцијата Валенсија и е планинско гратче кое речиси од сите страни е обиколено од огромен кањон.  Во срцето на  Каталунија пак, недалеку од старата престолнина Тарагона, во слично опкружување се наоѓа и старото мистично селце Сиурана,  која цврсто стои со своите неколку камени градби, на работ на една карпа. Освен инспиративната архитектура и традиција со која локалното население се гордее, и двете места се рај за спортските качувачи со изобилство на сектори и насоки од секоја тежина.



Топо водичот само за Сиурана има 310 страници и преку 50 сектори. Ние посетивме 8 или 9 и качувавме по 4 до 8 насоки во денот зависно од должината и тежината. Насоките се најчесто долги и исцрпни по некојпат достигнуваат и до 40м. Затоа неопходно е да се носи долго јаже, или да се одбираат пократки насоки. Задолжително чворови на краевите од јажето!!!

Убаво е да се менува и да се пробуваат повеќе сектори бидејќи секој еден има тотално нов шарм.  Многу различни стилови на качување и различна текстура на карпа. Од стрмни превисести насоки, до траверси, рабови и вертикали, со странични фаќалишта, дупчиња за прсти или џебови за секое движење како некој да ги исклесал во карпата.

Дефинитивно меѓу најдобрите качувачки дестинации ширум светот, кои сме ги посетиле до сега во минатите десетина години.




















Wednesday, April 5, 2017

Ski telemark on active volkano, Etna amazing experience

Ски телемарк од највисокиот активен вуклан во Европа, Етна 3350м  
(English below, scroll down for video and gallery)

Само десетина минути од кога стоевме на врвот на главниот кратер фасцинирани од потентноста на овој сеуште активен вулкан, Етна почна со посилна активност. Веќе скијавме една добра линија со чудна текстура на снег заситена со пепел и  вулкански песок. Правевме пауза на неколку стотини метри под врвот, на да речеме безбедно растојание за да може внимателно а сепак од добра перспектива да го набљудуваме вулканот со сите свои атрибути на моќ. Навистина исклучително чувство  да се скија меѓу стврдната вулканаска лава која остава впечаток како да сме на друга планета,  да се  биде таму во вистинскинско време и среќа што не се најдовме на врвот во момент  на самата ерупција.
Велат дека Етна е постојано активна, но не секогаш со татнеж и со голем чад и облак во чудни бои од светлло сино, до портокалова и пурпурно виолетова. Југо - источниот кратер еонојкој е постојано активен, па затоа ние одлучивме да се движиме по северната страна.  Вечерта паднаа некои десетина сантиметри нов снег што беше одлично за нашите планови за ски екскурзии во неколку насоки низ планината. Сепак утрото можевме да видиме дека на површината на  новиот снег имаше песок и нови исфрлени лава камења што беше знак за постојаната вулканска активност.

Се заедно оваа неколку дневна авантура беше едно незаборавно искуство со над 3600 метри добиени во висина, секојдневно повлекување на нови линии,  кои  како резба во линолеумска плоча  остануваат бели во сивкастиот снег.   

......

Only few minutes after we stood on the top of the main crater, fascinated by the power of this still active volcano, highest in Europe, Etna 3350m started erupting. We were already skiing a fancy line with strange texture on the snow saturated by ash and lava sand. We sat down for a break few hundred meters from the top, on a safe distance when we heard the noise of the initial activity. It was an amazing experience to be there at the moment, observing the volcano making us feel like being on another planet. 

They say Etna is always active, but I guess not always as today. We were lucky to be there at the right time yet far from the summit and the real danger. 
The angle is perfect for telemarking and mid March was a good choice to go. 

All in all these three days telemark and ski touring around main and other craters of this beautiful mountain, was amazing experience with more then 3600m altitude gain, many new lines that left white trace in the gray- ish surface of snow.  

Check out the video by our friends #SkiMacedonia
https://www.youtube.com/watch?v=hxiJXvVEJeA

http://skimacedonia.mk/ski-telemark-na-najvisokiot-aktiven-vulkan-vo-evropa/

















Lagadin protestira!