Tuesday, December 1, 2015

Со скии на Мера Пик 6476м, Ноември 2015

Записи од искачувањето на Мера Пик 6476м, Хималајски масив, Непал
Илина Арсова и Филип Василески - први Македонци на овој врв, 07-25 Ноември 2015

Во катастрофалниот земјотрес на 25 Април и 5 Мај 2015 беа уништени многу планински села и загубени илјадници животи. Многу ми е жал што мои пријатели и познаници ги загубиле своите животи, сепак драго ми беше да видам дека за кратко време работите се враќаат пак во нормала. Ако сакате да го поддржите Непал и гостољубивиот народ кој живее на Хималаите, најдобар начин е да отидете таму! Сите напори за донации и друг вид на посредничка поддршка не завршуваат на правите места!





... Исцртувајќи оштри линии во златно портокалова боја, сончевите зраци се гасат врз највисоките планински врвови додека долината е веќе покриена во заматен самрак, а на другата страна од небото, веќе огреала млада месечина.
Каква идила и префекција исткајала природата во овие недопрени места од земјината топка.
Татнежот од лавини, кои фрштат од време на време, не потсетува колку е моќна таа - Планината. Високите стрмни врвови се нејзини стројници, кои зависно од расположението не примаат или отфрлаат, нас - смртниците од нивниот пиедестал.
Заминете на одмор на морскиот брег и ќе видите како поминуваат три недели додека градите ви се полнат со кислород прочистени од солената вода, а телото со перфектна влажност потемнува во беспрекорна бронзена нијанса под заштитниот фактор.
Истите три недели поминте ги овде на планина и тоа тешко достапна планина. Набљудувајте го вашето лице како се закитува со нова брчка секој ден како награда од сонцето и ветрот кои се прејаки на оваа висина. Градите ви се на граница на земање здив бидејќи над 5000м веќе кислородот е редок. Ноктите ви се лупат, рацете се сушат, студ во коските ви се вгенздува додека срцето и душата се радуваат.  (Каре 4860м, 17.11.2015)


Сега ќе се обидам да ви опишам што почувствував кога стапнавме на глечерот, кога го видовме врвот на планината. После 10 дена одење низ прашни долини, камења, искачувајќи високи превои и минувајќи низ сезонски адаптирани висински села до 4900м, конечно дојдовме до широкото пространство од снег и лед, глечерот Каре. 
Во тие моменти еуфоријата се зголемува бидејќи знаеме дека се ближиме кон врвот. Ранецот ми беше тежок околу 20кг. Но, во моментот лицето ми се промени. Имав фиксирана насмевка од уво до уво која како со двокомпонентен лепак се залепила на лицето. Изразот ми се менува кога сум во такво опкружување. Зошто?

18 Ноември, Базен камп 5350м
Од највисокото село Каре на околу 4900м каде престојувавме 2 дена за одмор и аклиматизација, до базниот камп ни беа потребни околу 4 часа. Се поминува превојот Мера Ла и се симнува до точката каде местиме дерези пред конечно да стапнеме на глечерот. Меѓу ова место и базниот камп се качува стрмно снежно брдо каде водичите обично поставуваат фиксно јаже.
Бидејќи се чувствувавме добро аклиматизирани и одморни, планиравме да го прескокнеме базниот и да одиме према врв само со едно преспивање на висинскиот логор. Но, утрово Фичо се разбуди со чудно чувство на зашеметеност. Бевме спори и тешки па не успеавме да стигнеме на висинскиот камп на висина од 5780м, но и од здравствени причини одлучивме дека сепак подобро е да да преспиеме една вечер на базниот камп на 5350м. И покрај огромната желба за утрешниот ден да го дочекаме изгрејсонцето на врвот, сепак донесовме добра одлука да подзабавиме со темпото на движење. 


  
Денес е 19 Ноември. Во Скопје вечер имам изложба со ДЛУМ на тема еколобирање каде го пренесувам проблемот за Охрид СОС. Но јас не сум на отварањето, во моментов сум на 5780м во шатор позади една џиновска карпа пред Мера. Студено е, иако сме во заветрина. Овде знаат да фрштат силни ветришта. Ми недостига топол дом и прегратка од љубениот. Некако го планирав вчерашниот ден за врв и така несвесно ја имав распределено енергијата. Не се чувствувам уморна физички, сепак денес некако послабо стојам со енергија.. Имаме околу 6 часа одење до врвот по не многу стрмен терен. Сепак треба да се внимава на отворените креваси во глечерот. Поаѓаме рано наутро и се надеваме на добро време. 

Од базен до висински камп води блага константна нагорнина низ широкото ледено поле. Треба многу да се внимава на отворените пукнатини, во кои има бројни случаи на луѓе кои пропаднале. Релацијата зема околу 3 часа пешачење што остава доволно време за одмор и аклиматизација. Висинскиот камп е сместен позади една карпа во заветрина што е многу добро бидејќи оваа планина е позната по силен ветер. 


20 Ноември, Заспавме рано и се пробудивме во 4 наутро. Благодарна бев на Scout Outdoor Shop за вреќата Salewa flare -32 со која за прв пат на оваа висина, не осетив студ. Околу 5 часот наутро тргнавме накај врв. Имаше уште една група англичани и еден австралијанец кои качуваа во посебно организирани групи со целосна логистика од водичи, носачи, кујна, организација на камп и тн. Ние сме сами во нашата мини режија. Имавме најмено само двајца носачи кои носеа дел од опремата парлелно со нас, се до базниот камп. Пасанг и Ѕангбу се нашите придружници кои во моментов не чекаат доле во селото Каре. Немаме водич, сами организираме камп, носиме шатор, кујна и се што е потребно. Се движиме во алпска наврска за разлика од групите чии водaчи поставуваат фиксни јажиња на стрмните делови. Останатите тргнаа за на врв околу 3 часот наутро. Ние не се брзавме бидејќи времето личеше добро и стабилно, а за скијачкиот подвиг подобро е малку сонце да го растопи снегот.


Патот за на врв води низ глечерот следејќи блага но долга патека меѓу соседните врвови со стрмни карпести страни. На неколку места се искачуваат стрмни брда. На почетокот се чувствував многу истоштено. Едноставно чувствував тежина во нозете кои споро одеа нагоре. На Филип му мрзнеа прстите па сакаше да движиме колку може побрзо. Во кампот немавме доволно храна и гас за топење вода, па осетив глад и дехидрираност. Носевме и тешки ранци, скии, кожи, пластични чевли. Ме мачеа мисли како ќе се усогласиме во наврската со скијање бидејќи Фичо одлучи да не скија на тие услови од снег. 
Како и да е, полека не раздени. Сонцето не стопли, не почести со сино стаклено небо и перфектна видливост на сите највисоки Хималајски врвови зад и околу нас. Панорама буквално за учење географија. Поминувајќи го белото пространство од замрзнат глечер по бесконечната блага нагорнина,  пред нас почна да се ѕирка врвот.  Ги пресретнавме англичаните со нивните локални водичи кои веќе слегуваа. Рекоа дека имаме уште околу час и половина до врвот. Нивниот водич - Каџи, ни даде по едно баунти чоколатце што ме врати целосно во живот.  
Продолжуваме освежени уше еден час кога пред нас од десната страна се исправи врвот. Многу различно изгледа на фотографија или од далеку. Изменетата перцепција дава лажна слика која го претставува врвот помал и поблизу од колку што вистински е. 
Самиот врв е околу 50-60м висок и стрмен со околу 60-70% нагиб. Овде групите обично поставуваат фиксно јаже, но ние одевме во алпски стил, меѓусебно обезбедувајќи се особено на симнуање. Скиите ги оставив овде, а Фичо кој одлучи да не скија, ги оставии скиите малку подоле.


Стигнуваме на врв нешто пред 10 часот. Ни требаа околу 4:30 часа од висинскиот камп, вклучувајќи доста застанувања и мали паузи. На врвот наеднаш се' беше поинаку. Заборавивме на студот и на заморот и уживавме во еден од најубавите погледи што ги имав видено. Пред нас панорама од највисоките и најубавите Хималајски врвови: Еверест, Лоце, Нупце, Ама Даблам, Пумо ри, Чо Ју, Макалу и Канченчунга. Од друга страна маркантниот Барунце, Киашар и Чамланг. Се изнасликавме и по околу 30 минути тргнавме надолу. Според нашите информации ова беше прво искачување на  македонското знаме на врвот Мера.



Креваси во глечерот насекаде! Беше опасно да се одвоиме од јажето и јас да одам со скии, а Фичо пеш. Одевме заедно некое време пробувајќи да се усогласиме јас полека со скии а тој пеш, се додека не ги поминавме главните опасности. Потоа имав чест малку слободно да ја отворам ски телемарк сезоната. 
Снегот беше катастрофа, сепак направив неколку добри телемарк движења и официјално го поместив сопстевниот рекорд за скијање од големи висини до под самиот врв, од околу 6400м.




Врвот го качивме на 12тиот ден од нашето поагање, истиот ден се спуштивме назад до Каре. Некаде пред висинскиот камп не пресретнаа нашите помошници Пасанг и Ѕангбу на кои сме им многу благодарни за придружбата и посветеноста. 


 Следните 3 дена ни беа потребни да се симнеме назад до Лукла. По пат требаше да искачиме уште две планини над 4500м за да повторно се симнеме до 2800м. За истиот пат нагоре ни беа потребни 10 дена заради наглото добивање висина и потреба за аклиматизација. Лукла е појдовната точка и највисокиот аеродром во околина од каде поаѓаат многу качувачки и трекинг итинерери. Веднаш потоа следуваат села над 3000м. На одење нагоре веќе на четвртиот ден се најдовме на превојот Затрва Ла 4600м што не плашеше заради прерано добивање на висина. Симнувањето во долината Хинку изобилуваше со магични пејзажи, комбинирани од речни водотеци, рододендронова шума и хималајски бор. Не воодушевува опкружувањето од стрмни импозантни врвови, многу од нив никојпат неискачени од човекот.  Дел од тие убавини се претставени во следните фотографии.  

Поглед кон врвот Киашар
 Поглед од Тактор
Поглед кон Мера пик
Селото Карка Тенг на околу 4000м
Нашиот камп во Карка Тенг
Кон превојот Затрва Ла 4610м
Кон превојот Затрва Ла
Преминот Затрва Ла 4610м
Поглед од превојот меѓу Тули Карка и Тактор, 4300м
Над облаците, пред симнување во Тактор
Аклиматизација во близина на Коте
                                                                  Филип во Лукла

Се радувам на новото искуство и им благодарам на моите поддржувачи на ова патување:
Salewa/Scout Outdoor shop и Алкалоид Скопје










Thursday, October 22, 2015

Ohrid SOS short educative video

Погледнете го ова кратко едукативно видео, за зачувување на Охрид како светско наследство и бисер на природата. Видеото е изработено од Еми Тасеска, поддржувачка на граѓанската иницијатива Охрид СОС.
Не ни требаат луксузни плажи! Туристите кои го посетувале Охрид пред 50 години и денес, никогаш не дошле заради квази медитеранските, модерно урбанизирани плажи. Тие од секогаш биле привлечени од комплетната слика на еден стар град, под една преубава планина, до кристално чистото езеро, полно со ендемски свет, опкружено со векови напластена култура и традиција.
Чистината, уникатниот биодиверзитет и природната убавина, е вистинскиот луксуз на Охрид.

Се грижам за Охрид / I care about Ohrid

Take a look at this short educative video about saving Ohrid lake, and preserving it as a world heritage pearl of nature. This video was made by Emi Taseska, supporter of the Ohrid SOS initiative. We do not need luxury beaches! The tourist who visited Ohrid 50 years ago and now, never came because of the quasi Mediterranean and modern beaches. They have always been attracted by the complete composition of an old town, under a beautiful mountain, next to a crystal clear lake, full of endemic species, surrounded with centuries of culture and tradition.
The purity, unique biodiversity and natural beauty - is what make Ohrid luxury!

Ohrid SOS representatives on the live show for 24vesti TV (21.10.2015)
http://24vesti.com.mk/za-zhivotot-21-10-2015


Tuesday, October 20, 2015

Macedonian mountains and lakes with mountaineers from: Bosnia&Herzegovina, Croatia + Macedonia

03-05 October 2015 Climbing Titov vrv 2747 and Magaro peak 2255m with mountaineers from Bosnia & Herzegovina and Croatian mountain clubs (Tuzla, Shibenik, Brcko, Odzak i dr.). The trip was organized by the Mountain sports federation of BiH under title "Macedonian mountains and lakes". It was my pleasure to assist this wonderful group, being their leader and guide for most of the time of the trip.
Climbing 2 mountains in 2 National Parks & overlooking 5 lakes in 3 days. Amazing trip recommended for all nature lovers.

Titov Vrv 2747m, Shar mountain. It is the second highest peak in Macedonia after Korab 2764m. The tour we made is rather demanding, climbing over 3 peaks above 2600m (Sin Vrv, Bakardan and Titov Vrv). The tour is long and has many ups and downs, meaning, good physical shape (walking legs) is required.  The way up is between 4-6h depending on the pace and the breaks you take. On the way back we took another trail passing Vakaf valley, which normally take between 2-4h to descend back to Popova Shapka ski center, at around 1650m.

Photo gallery:







































On the way to Ohrid, we have stopped for a short cultural tour in Tetovo, visiting the painted mosque (stunning monument from the 15th century), market, and city center of Tetovo city. Apart from the culture buried for years, today we can witness a mild cultural shock due to lack of environmental culture, resulting with over polluted areas and lots of trash in public spaces.

Passing through the National park Mavrovo, we make a short break at Mavrovo lake, at th evillage Mavrovi Anovi. We are following the gorge of the river Radika, passing under the highest Macedonian peaks od Mount Korab, which is a scenic road down to Ohrid Lake. Around Debar area we have visited the small Eden - monastery of St George - Rajcica, with a perfect location and a great view of Debar lake. Further down we come near Struga and Ohrid with enough free time for exploring the old town.



Following day is reserved for climbing the highest peak of Galicica mountain, Magaro 2255m.
This mountain is a pure beauty, standing up in between Ohrid and Prespa lake. Because of its rare flora and fauna, concentration of endemic species, it has become a National Park in 1958.  From the top you can see a nice panorama of the two -  biggest lakes of Macedonia, which also happen to be the oldest lakes in Europe. From Magaro you can see Mt Pelister 2601, just across Prespa lake, which is the third National Park in the country.
Photo gallery:





























Official report from B&H mountaineering federation:
 http://psbih.ba/izvjestaj-planinarski-pohod-vrhovi-i-jezera-makedonije-2015/









Lagadin protestira!