Sunday, December 28, 2014

Telemark opening Val Senales Nov 27 - 30. '14

 
It was a great opportunity to start the season on fresh November's snow, at the Telemark opening, event Val Senales, Italy, 27-30 Nov.

Again, thanks to the Telemark Snow Events, Mariano Valcanover and the supporters of the event, I was invited to take part as a visiting speaker at the evening presentation program and 5 days upgrading my telemark skills with the best instructors in the world Giuliano Pederiva and Angelo Vallet.

                             
The Telemark winter calendar is tight with events in different localities. Usually Val Senales  is the right choice for the opening event because of its high altitude and exposure perfect for early skiing in the year.  
Val Senales is a South Tyrolean all year round  skiing spot, where the main cable car can take you up to 3200m in less than 10 minutes, from where you have a choice for different difficulty lines including 8 km downhill run.

The telemark opening has gathered around 300 telemarker from Italy and around. The program had included Telemark Imprinting - intensive course for beginners, Clinics and courses with some of the best National instructors of Italian Ski/Telemark Federation and some freeride and backcountry on a fresh Nov. pow. The evening program included the amazing presentation of Emilo Previtali's extreme winter achievements, Analisa with a post avalanche touching experience on Anapurna BC, and me, Ilina  with my greatest latest passion - the Telemark, at a solo ski ascent of Mt Elbrus 5642m.
                                     


 


 
What I really adore is the Telemark culture. The life style of the outdoor oriented people, the culture of being together improving and learning from each other, with a motivating and encouraging competitive moment.

Even the people I met before, who I thought are more than solid telemark skiers, are still learning and improving with the professional instructors. Everyone I met seems to be so easy going.  
                                  
                                 

I like the fact that this sport is pretty much age & gender discrimination free. As a woman I feel it is more than important to have female company in the sport that you play, and in this one particularly there are so many females involved. Thank you girls for being the greatest company and awesome roomies, my dearest Allesia Monticone, the super sweet Sabrina Beber and 2x2 coolest sister tandems Ilaria & Alice Valcanover, Diana and Milly Lazzeri.
 


 






 



 

And as last for this post, guess what's next in the new year's TSE calendar of activities?! We are finally announcing the first telemark event in Macedonia.  The telemark (R)Evolution will take place in Mavrovo, Shapka and Galicica mountain from 14 - 17 Fevruary 2015 open for everyone willing to try. The Telemark snow events from Italy are bringing sufficiant equipment, instructors and their positive energy.  http://www.telemarksnowevents.it/Il-Menu-del-sito-TSE.html 
 
pWelcomeee and be part of it!
Opening ceremony 14 of Feb, Mavrovo. More info 00 389 70 377 826 / arsova.takt@gmail.com
 



 

Thursday, December 4, 2014

Langkawi Art Biennal / Pinang unique street art

 
Од 13 - 21 Ноември годинава, бев почестена да ја претставувам Р.Македонија на Интернационалното Ланкави арт биенале во Малезија. На овој масивен ликовен настан учествуваа 250 уметници од 38 земји. Македонија имаше тројца претставници и тоа Ѓорѓи Чулаковски - Џото,  јас и Мишко Десковски од Австралија. Темата „Миграции“ беше претставена преку најразличен ликовен израз и техника. Преку oвој масовен настан Малајската влада имаше цел да промовира нов таканаречен Арт Туризам, обединувајќи современи и традиционални уметници од целиот свет.  Официјалните свечености беа отворени од министерството за Култура и Туризам на Малзија, како и бившиот Премиер Махатир Мохамед. Меѓу посетителите беа битни имиња од културната сцена и туризмот на Малезија како и секакви медиуми и веб портали од Југоисточна Азија.
 


    
 По завршувањето на настанот, се најдов и на еднодневна посета на островот Пенанг, каде од гостопримливите домаќини добив незаборавна прошетка по природните и културни споменици на островот. Пенанг е познат по урбано артистичкиот изглед на високо селектиран „стрит арт“ изработени од светски етаблирани уметници токму во оваа насока. Вистинска умешност да се трансформира една еднолична фасада во прекрасно ликовно дело кое дава порака од некој момент на тамошното општество. Димензиите на овие мурали исто така се захтевен предизвик, особено кога треба да се изработуваат во временски услови кои се или премногу жешки или влажни и врнежливи. Имав особена чест да бидам гостинка на Малезискиот автор Питер Лиу и неговите пријатели господинот Чиао и господинот Тан, кој е воедно патрон на стрит артот во Пенанг и на негова иницијатива и покровителство овие стрит арт уметници добиле заслужно место во новиот имиџ на градот.  







 



 
Посетата во Малезија беше беспрекорно засладена со приемот од нашите гостољубиви Македонски амбасадори во Малезија, во чие присуство секогаш се чувствувам како дома. Неизмерна благодарност до фамилиите Алкушевски и Пановски за искреното пријателство и отвореност. Успехот на нашата културна амбасада во Малезија е високо вреднуван од целиот свет, а нивната посветеност и трудољубивост се пример и инспирација за секој Македонец.

 

Monday, November 17, 2014

Зимски тренинг во летни услови. Клајмбинг Чанг Маи, Тајланд


Во Македонија зимските температури годинава дојдоа уште во средината на октомври.  Благодарение на околностите кои се поклопија, имав прилика да го продолжам летото и да направам интензивен тренинг на карпа во летни услови на далекиот исток, Југо - Источна Азија.  (Тајланд и Малезија).
Качувањето на „сува“ карпа за мене е битен дел од целокупниот тренинг за експедициите на високите врвови. Стрмните страни на Хималаите, Андите и Алпите  бараат добра техничка подготовка. Така, според мене комбинација од неколку различни дисциплини се надополнува при  подигнување на физичката и на психичка кондиција.

Во ист состав као и претходно го посетивме Тон Саи после 6 години од минатиот пат. Иако не се чинеше како долг период, се чувствуваше голема промена во однос на карпата. Насоките беа веќе добро исполирани,  профилот на туристи на местото беа повеќе комерцијални отколку „хард кор“ качувачи. Малите бамбусови бунгалови се повеќе се заменуваат со поголеми ѕидани објекти.
Насоките се добро подмачкани со мешавина од фактор за сонце, пот, лосион против комарци, магнезиум и влажен солен воздух од морето. 
 
 
Беше доста топло и повремено врнежливо при крај на монсунската сезона, што беше ограничување за должината на тренингот.
 
 
После активни недела дена решивме да смениме локација и да му дадеме шанса на северниот дел на Тајланд каде досега не сме ги истражиле качувачките капацитети.

Следна дестинација: Чанг Маи.  Прекрасна природа, поумерена клима и оштра карпа со насоки за секого. Карпата е сеуште „невина“ во споредба со онаа во регионот на Краби, Јужен Тајланд.

Локалитетот „Крејзи Хорс“ кој навистина наликува на портрет на налудничав коњ, нуди скриени сектори со преку 150  насоки со тежина од 5б до 8а. Насоките се прилично долги, во просек по 20м, со различна текстура.
Комбинација од превисни ѕидови и вертикален оштар варовник со технички насоки. Има повеќе скриени пештери  кои на места  формирале сталактити, туфи и завеси налик на оние од Краби. Има и долги насоки со по неколку должини на јаже.  Во ниеден момент не се чувствува гужва и покрај присуството на други качувачи. Температурите и климата е многу по пријатна за качување. Единствено вознемирувачко е царството на инскти особено оние кои летаат и безмилосно напаѓаат, како и други шумски животинки на пример застрашувачки змии.

 
 
 
 

 
 
       Ја  имав честа да ја водам оваа прекрасна насока „Реунион “ со 3 должини.  
                                      

Имаат изработено супер водич со топо, опис и други корисни информации за местото. 
 
 
Домашното сместување во близина на карпата е во гостопримливи кукички изградени во согласност со природата, додека храната е доста по евтина од онаа на туристичките мениа во Тон Саи. Во просек трошевме по 350 - 500 МКД дневно за храна + сместување, но тоа е буџет за најосновни потребштини без многу лудории и луксуз.
Малку егзотични примероци од она што го имавме на нашето комшиско пазарче.


 

После Тајланд, повторно ја посетивме Малезија. И таму спортското качување доста напреднало. Отворени се низа нови насоки со одлична должина и тежина. Особено ми се допаѓа и нивната заедница во овој спорт. Постои голема солидарност и поддршка меѓу луѓето кои меѓусебо се поттикнуваат за напредок.

На ова патување искачивме по околу 50 насоки,  некои неспоредливи меѓусебе и покрај истата оценка. 6б на вертикален ѕид и во превис е тотално неспоредливо. За збогатување на искуството битно е да се менува локација и да се пробуваат различни насоки. Тоа е многу по ефектно отколку секојдневен тренинг на исто место и без поместување на целта.
 
Фантастично чувство беше посетата  на Камп 5, нашето работно место пред скоро 6 години. Тоа е најголемата сала за спортско качување во Југоисточна Азија со преку 2500м2 ѕид за качување и максимална висина од 20.5м. Овојпат бевме специјални гости,  на покана да одржам презентација од искачувањето на Монт Еверест „Патот до Врвот“.
 Поддршка од Македонските пријатели во КЛ. Миле, Снежана, Благица, Љупчо и Јане





Планините и планинските спортови се битен дел од мојот живот.  Она што ме плени е делумно адреналинот, инспиративниот пејзаж кој природата виртуозно го извајала, но и поместувањето на сопствените физички и психички граници. Сакам карпа, снег, високи врвови, зелени ливади, велосипед, скии, дерези и се' останато.   Во моментот кога сме во топ форма за еден од овие спортови, запоставуваме некој од другите. Свесна сум дека не можам да постигнам врвен резултат на сите полиња. Сепак навистина се радувам што после две години блага пауза повторно ја почуствував моќта на адреналинот и љубовта кон карпите. Предизвикот да се искачат што повеќе линии со различна тежина и должина.  Ме радуваше болката во прстите, подлактиците и целото тело кое не може да се помрдне после целодневните тренинзи.


 

 

Lagadin protestira!