Friday, October 26, 2012

Илина Арсова, Global Sport Mentoring program

           Global Sport Mentoring program e програма на US Department of State, espnW – најголемата спортска телевизиска мрежа во САД, во соработка со Универзитетот од Тенеси и „Center for Sport Peace & Society.  Иницијатор и покровител беше лично секретарот на САД, Хилари Родам Клинтон која не поздрави и ни честита додека лично се запознававме со неа.

          Целта на програмата беше обединување на женски спортски лидери од разни делови на светот кои имаат визија да влијаат врз зајакнување на женските лидерски способности преку спортска активност. Во САД докажани се подобрувања од здравствени до академски резултати на жени  и девојки кои во текот на животот биле спортски активни.
         Оваа програма за прв пат беше лансирана и финансирана од државниот врв на САД и за соработка  вклучуваше битни женски фигури од спортската индустрија, државни претставници и разни партнерски организации кои се бават со промовирање и менаџмент на надежни спортисти.

         
По номинација на Американската 
амбасада во РМ, по неколку кратна селекција од вкупно стотина апликации од цел свет, бев одбрана во финалните 17 надежни женски спортски лидери кои имаа чест да учествуваат на оваа програма.  Некои од нас беа директно инволвирани во спорт, други пак се занимаваа со спортски менаџмент, спортски репортери или претставници на Олимписките комитети и министерства од разни земји. Европски претставници бевме само Македонија и Русија.

        Престојот во САД траеше од 5 Септ до 5 Окт и тоа:
-          5 дена во Washington DC; ориентација, запознавање и интеракција со елитната спорткска сцена, значењето на имплементацијата на спортот во едукативниот систем на САД, посета и учество на презентации и панели како и запознавање со културата на САД
-          20 дена работа во менторска организација кога секоја од 17 те девојки беше поврзана со меторка од нејзиното поле на интерес со чија помош ќе развие план проект и стратегија за поттикнување на жените во спорт во својата земја или регион.
-          Завршни 5 дена во Washington DC  презентација на создадените проекти и нивна евалуација, посета на Белата куќа, свечен прием во Стејт Департмент и запознавање со Хилари Клинтон. На оваа свеченост девојките беа облечени во своите национални носии.  Нашата носија позајмена од месна заедница Галичник, ги намами сите погледи и воздишки на државниот врв на САД.


       Моја менторска компанија беше Burton Snowboards, пионерите на скијањето на даска во светот со претставништво во Бурлингтон, Вермонт. Таму отседнав и работев три недели каде стекнав незаборавни искуства (за начини за промоција и развој на авантуристичките спортови, промоција на женски тим како бренд, а со работата во нивната сестринска организација фондацијата Чилл научив доста за организирање хуманитарни активности преку спортски настани.) Престојот во Вермонт беше пријатно изненаден со фактот дека Македонија и Вермонт се збратимени држави за воени вежби и обуки. Така коинциденцијата на запознавање со вистинските луѓе ме одведе токму до командирот кој во РМ престојувал 2 год и во знак за благодарност од министерството за одбрана добил на поклон две шарпланинчиња.  За мене беше доста емотивен момент да се најдам во нивната куќа целата послана со македонски черги, македонско знаме во сред трпезарија и дружбата со веќе пораснатите шарпланинци Мак и Дониа J Го посетив и военото планинско школо каде разговаравме за можностите на соработка и обука на жени од РМ на зимските курсеви.
     Мојот проект опфаќа неколку секции за охрабрување на женските атлети од регионот, и тоа на: рекреативно, туристичко и професионално ниво.


Сметам дека спортот ги зајакнува жените не само физички туку и морално и тоа сериозно се одразува врз подобрување како на социјални така и на здравствени проблеми.  Влијае врз подобрување на самодовербата кај помалку еманципираните жени од маргиналните области, што им отвора врата кон остварување на своите цели и амбиции.
Директно засегната од недостаток на тренинг институции за планинските и авантуристички спортови, посветувам една гранка од проектот  токму на формирање женски експедициски тим кој нашата земја ќе ја претставува на највисоките врвови во светот. Тоа е долготраен процес кој опфаќа соодветни подготовки и тренинзи.  Тренинзите пак во светски препознатливи институции, ќе оформат нова генерација на женски водичи, инструктори или спортски амбасадори кои со ова искуство ќе можат професионално да напредуваат.
  Веќе десетина години работам со развој на активен туризам во трети земји. Добро ја познавам потребата на туристите од развиените земји. Со сигурност можам да кажам дека планините се иднината на Македоснкиот туризам. За тоа ни треба обучен кадар за услуги и установи.


    Во личната агенда сега ми претстојат доста обврски при формирање и наоѓање срадства за реализација и имплементација на овој проект. Сепак како засега единствен сериозен женски кандидат од РМ,  паралелно работам на случајот  „Прва Македонка на Монт Еверест“, кој би требало да се случи на пролет 2013 (Април – Мај 2013). Ова е голем подвиг од светски рамки кој бара огромна психичка и физичка подготовка. Сепак поучени од минатогодишниот обид за реализација на истиов проект, знаеме дека неопходна е добра логистичка екипа при барање средства, поддршка, разбирање, согласност и надминување на „бариерите“ коки ни го попречуваат патот“.
     Со проектот и ново стекнатото искуство од САД токму тоа е еден од предизвиците со кои ќе треба да се соочам, обликување на тимска свест и создавање на спортско рекреативна етика која за сите жени ќе влијае позитивно во сите сектори на нивното делување во општеството.

Илина Арсова


No comments:

Post a Comment

Качување по Шпански / Spanish climbing or climbing in Spanish :)

Climbing in Chulilla and Siurana. Macedonian version only. Please scroll down, gallery is for all :) Прекрсни две недели качување н...